Голем предизвик е за актерката Џенифер Хадсон да ја долови улогата на музичката кралица, Арета Френклин, вели филмската критика.
Едно е сигурно, Хадсон навистина наликува на ѕвездата додека снимаше филмска сцена за новиот филм посветен на Арета Френклин насловен „Respect“.
Заедно со Џенифер Хадсон на снимањето во паркот „Washington Square“ во Њујорк се појави и познатиот актер Форест Витакер кој го глуми таткото на пеачката.
Арета Френклин ја одбра актерката Хадсон за улогата додека беше жива во 2018 година.
Филмот се очекува да биде објавен во август оваа година.