Италијанската дизајнерска модна куќа „Долче Габана“, во соработка со италијанскиот произведувач на тестенини „Пастифицио ди Мартино“, креираше серија сушени тестенини во лимитирани издание.
Тестенините се продаваат во дизајнирани амбалажи. Направени се во четири форми, а произведени се само 5.000 парчиња.
Покрај тестенините, дизајнерите на „Долче Габана“ креирале и престилка со натпис „Ла Фамиглиа, Ла Паста, е Л’италиа! (La Famiglia, La Pasta, e L’Italia!).