(ВИДЕО) Бизарен случај во Москва: Чувар во музеј се обидел да изеде изложено уметничко дело

Од:

На социјалните мрежи кружи бизарна снимка од московската галерија, каде чувар се обидел да изеде уметничко дело.

Организаторите на изложбата nа современа уметност забележале дека на една од инсталациите и недостасува „главниот протагонист“ и веднаш ја прегледале снимката од безбедносните камери.

Уметничкото дело претставува чинија со вода од која ѕирка златна рипка, додека друга се обидува да избега и скока покрај сликата на отворено море.

Инсталацијата симболично го добила името „Бегството на златната рипка“, а очигледно му паднала во очи на еден чувар, пренесува Oddity Central.

На видеото може да се видите како му приоѓа на садот, па ја вади златната рипка од држачот, ја мириса и се обидува да ја гризне.

Тој, наводно, ги кренал рамениците и објаснил дека имал тешка ноќ со многу малку сон и дека не разбира што прави. Веднаш бил суспендиран од работа, а инсталацијата по неколку дена била вратена во изложбениот простор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Москва гори двокатна деловна зграда, евакуирани 300 луѓе

Горан Наумовски

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Пожар во станбена зграда во Москва, едно лице загина