ВИДЕО: „Бекстрит бојс“, „Ен Синк“ и „98 дигрис“ снимија зомби филм

Од:

Членови на некогашните групи „Бекстрит бојс“, „Ен Синк“ и „98 дигрис“, кои „палеа и жареа“ на светската музичка сцена во 90-те години на манатиот век, објавија дека снимиле заеднички филм.

Американските таблоиди нагласуваат дека ваквата најава претставува изненадување, бидејќи од овие некогашни „бој-бенд“ момци попрво би се очекувала заедничка турнеа, а не филм за зомби, чиј режисер е членот на „Бекстрит бојс“, Ник Картер.

Филмот се вика „Dead 7“, а во него играат Ник Картер, Еј. Џеј. Меклин и Хауи Дороу од „Бекстрит бојс“, Џои Фатон и Крис Киркпатик од „Ен Синк“ и Џеф Тимонс од „98 дегрис“.

Секако, филмот нема да се прикажува во кино-салите, тука е најавен за на кабелската телевизија СајФај.

Но, во сето тоа има уште еден детал. Имено, премиерата на фимот е закажана за 1 април, а бидејќи сите добро знаеме што се случува на тој датум, постои можност дека тоа е само добра шега, иако постои и трајлер за него.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ