(ВИДЕО) Актерот од култната серија нападнат на сред улица: Видеото од инцидентот ги вознемири сите

Од:

Актерот Иан Зиринг, кој глумеше во култната серија „Беверли Хилс 90210“, беше нападнат од група моторџии на улица во Лос Анџелес.

Истрагата за индициднет е во тек, а видео од нападот е објавено на Инстаграм. Се коментира зошто никој не му пришол на помош, додека траела непријатната ситуација. И тоа е само едно од прашањата што беше поставено по овој настан.

Нападот се случи вчера наутро во Лос Анџелес. На снимката ексклузивно објавена од TMZ се гледа како група моторџии се приближуваат до возилото на актерот Иан Зиринг на булеварот Холивуд пред тој да излезе од својот автомобил. Тој брзо замавна кон еден од мотоциклистите чиј мотор стоеше точно пред автомобилот на актерот.

Засега не е позната причината за нападот и дали еден од мотоциклите се судрил со возилото на Зиринг. Според изворот на TMZ, возилото на актерот можеби било удрено пред расправијата да стане насилна.

Откако го удрил неидентификуваниот мотоциклист, се чини дека Иан го соборил на земја лицето со кацига. Други мотоциклисти потоа почнале да го напаѓаат актерот.

Направен е официјален извештај, во кој актерот е именуван како жртва. Полицијата се уште не ги уапсила напаѓачите и го истражува инцидентот.

Според TMZ, нападот завршил со тоа што Иан се вратил во својот автомобил и се оддалечил. Истото го направија и напаѓачите. По нападот никој не повикал полиција, која подоцна била информирана за се. Актерот не се огласи за немилиот настан.

Би можело да ве интересира

Најбогатата од серијата „Беверли Хилс“ заврши во камп прикола заедно со децата

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“ доживеа тежок мозочен удар