Верување во подобар свет

Од:

Елементариум – Белград

Достапноста на интернетот и можноста за коментирање на информативните сајтови направија секој кој ја чита веста да може пред виртуелната јавност да изнесе сопствено мислење за настаните. Така коментарите на вестите станаа вистинска ризница на мислења како феномен кој го проучува социјалната психологија. 

Ако прочитаме вест за сообраќајна несреќа, речиси сигурно е дека ќе се појави мислење дека возачот самиот е виновен за сопствената повреда или смрт, бидејќи возел под дејство на алкохол или над дозволената брзина. Не е можно да се слушне или да се прочита дека и сопатниците делумно се одговорни, бидејќи требале да проценат дали е безбедно да се возат со тоа лице.

Ставовите се речиси вообичаени ако се работи за жена која преживеала силување или физичко насилство, посебно ако била во блиски односи со насилникот: ќе се претпостави дека можела да ја препознае таа особина кај него и да реагира на време, или веројатно направила нешто што довело до тој чин. Ако пак се зборува за некој кој е болен од тешка хронична болест, луѓето често ќе се запрашаат како тој човек се храни, дали вежба или е пушач.

ВЕРУВАЊЕ ВО ПРАВЕДЕН СВЕТ

Припишувањето на одговорноста на лице за доживеана несреќа доаѓа од механизмот кој социјалните психолози го нарекуваат „верување во праведен свет‟. Ова верување се темели на претпоставката дека животот е уреден на логичен начин и дека за некој немил настан секогаш може да се најде „причина‟.
Со идентификување на причината луѓето имаат чувство дека таквите настани на некој начин ги држат под контрола: ако претходно не направат нешто од размислувањата кои ги поврзуваат со несреќен крај, тие веруваат дека тој нема ни да им се случи. При овој, пред се, одбранбен маневар, се откриваат низа ситуации во кои „причината‟ и „последицата‟ не ги поврзале, т.е. тие настани кои не можат да ги објаснат со тоа дека „некој го заслужил тоа што му се случило‟.

Одбранбеноста на ваквите грешки во расудувањето се однесува на преовладување на страв од неизвесност и непредвидливост на животните ситуации. Ако пристапуваме со верување дека нешто може да се предвиди, стравот и неизвесноста се намалуваат. Меѓутоа, кога добиваат информации кои не се вклопуваат во ова верување, ирационалните механизми како што се порекнување или редефинирање, влијаат тие информации некако да се вклопат а да не го нарушат верувањето дека постои некаков иманентен животен поредок.

Денес еден вид на овие перцепции се нарекуваат „обвинување на жртвата‟. Понекогаш таквиот став на многумина може да им изгледа сосема необјасниво, бидејќи го има и го искажува некој кој лесно може да се идентификува со жртва. Работите стануваат појасни кога ќе се согледаат по пат на објаснување дека тоа мозокот го прави за да се одбрани од страв и непријатност дека несреќа или насилство може да се случи и на тоа лице.

На оваа тема се направени многу истражувања почнувајќи од 80-тите години од минатиот век. За подобро разбирање на феноменот, проверувани се многу корелации, т.е. што се е поврзано со тоа дека некој е склон на вакво објаснување на настаните. Верувањето во виша правда е заедничко на многу култури и се наоѓа по народните изреки. Кај нас може да се препознае во поговорката „како ќе си посееш, така ќе си пожнееш‟ и изреката „што барал тоа и добил‟.

Иако верувањето во праведен свет е заедничко на многу култури, постојат некои правилности: тие се многу почести во општества каде постојат големи економски и статусни разлики. На пример, во истражувањето во неколку земји кое го спровел Фурнам во 1993 година, највисоки резултати се добиени во Јужноафриканската република и Индија, а најниски во Велика Британија и Израел.
Истражувањата покажале дека припадниците на повисоките слоеви во тие општества се склони во поголема мера сиромашните да ги сметаат за одговорни за својата финансиска состојба. Придавајќи им особини на мрзливост, неиницијативност или неснаодливост, тие на ниво надвор од свеста ги надминуваат и не размислуваат за екстремните разлики меѓу нив. Од друга страна, луѓето од пониските економски слоеви врз основ на животното искуство во поголема мера ја согледуваат непредвидливоста на животните ситуации и дека постојат многу фактори на кои не можеме да влијаеме.

ПРЕДРАСУДИ

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека културолошки разлики можат да се најдат и меѓу жители на иста држава (САД), ако тие се од различно потекло: анкетираните Азијати покажале помалку склоност кон верување во праведен свет, од тие кои не се од азиско потекло. Овој наод се објаснува со тоа дека колективистичките култури имаат повеќе разбирање за фактори за ситуации, па поради тоа помалку припишуваат индивидуална одговорност за настаните.

Некои автори ги поврзувале особините на луѓето со склоноста кон ова верување: тие поставиле теза дека луѓе кои имаат десничарски ставови и авторитарна структура на личноста, своето доживување на светот како полн со закани, го намалуваат со цврсто верување дека жртвите на несреќите се сами одговорни за преживеаните настани. Освен тоа, најдени се позитивни корелации со религиозноста. Овие резултати укажуваат дека верувањето во праведен свет може да се комбинира со други ставови или предрасуди и да биде зголемено од нив.

Една од темите во која посебно е истакнат овој начин на мислење се заразните болести, посебно сидата. Заболените од сида и заразените со вирусот ХИВ постојано се сретнуваат со предрасуди и дискриминаторски однос од заедницата, каде се изразува верувањето дека сами се одговорни, па дури и виновни за својата болест. Често покрај тоа се изразуваат предрасуди кон сексуалната ориентација или болестите на зависности.

Дека предрасудите и верувањата во праведност на светот одат рака под рака, се покажало и во реакциите на големите елементарни непогоди, како што беше цунамито во 2004 година кое зафати неколку азиски земји, или големиот земјотрес на Хаити во 2010 година. Овие настани често беа проследени со коментари дека жителите морале подобро да ги обезбедат куќите кога ги граделе, бидејќи живеат на ризично тло.

Правени се и споредби со Јапонија, каде земјотресите се помалку разорни поради феноменално проектираните згради. Во ваквата перцепција, се занемаруваат низа фактори како што е на пример степенот на развиеноста на земјата, додека фрлањето на одговорноста е изразено и веројатно засилено од етничките и расните стереотипи.

На крај, теоретичарите се согласуваат во тоа дека верувањето во праведен свет е функционален и здрав механизам за соочување со трауматски настани. Се покажало дека лица кое ова верување го применуваат на себе, подобро поднесуваат стрес и се помалку склони на депресија. Навистина, нивната одбранбеност е неспорна и веќе во самата дефиниција содржи објаснување дека служи во надминување на неизвесноста и непредвидливоста на светот.

Меѓутоа, како начин на согледувањето на другите, оваа грешка во толкувањето на настаните може да биде кобна по жртвата на трагичен настан или при злоставување. Било да е во прашање пошироката јавност или во одредени професии кои работат со жртвите, многу е важно да се зголеми свеста за погрешното согледување на причините за насилствата или катастрофите, за да може наведената правда навистина и да се достигне. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ