Верноста во бракот статистички апсурд

Од:

AshleyMadison.com од САД по спроведеното истражување за верноста во брачните заедници на 21.600 луѓе дошла до апсурден резултат – огромното мнозинство од брачните партнери се „рогоносци“.

Поточно, студијата покажала дека дури 88 проценти од вклучените во истражувањето биле измамени од своите сопружници.

Околу 33 % од мажите имале љубовна врска со шест или повеќе партнерки, а речиси 85 % од жените ги измамиле своите сопрузи со петмина.

Мажите почесто ги менуваат своите љубовници, додека пак жените најчесто се задржуваат на еден љубовник и врските им траат подолго.

За да биде „приказната“ поинтересна, речиси 57 % од испитаниците признале дека во ист ден имале сексуални односи и со партнерот и со љубовникот, односно партнерката и љубовницата, а 81 % признале дека сексот со љубовникот е подобар од сексот со брачниот другар.

Мажите обично мамеле кога се пијани, а повеќе од половина од жените изјавиле дека измамата свесно започнала. Двата пола се согласуваат дека бакнувањето е мамење, додека не се согласуваат околу флертувањето. Жени мислат дека е, а мажите дека флертувањето не е измама.

Но, на крајот да го откриеме и ова, Ашли Мадисон е страница чие мото е „Животот е краток, имајте афера“, па голема е веројатноста дека резултатите од нивната анализа можеби помалку се „фризирани“.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските