Велшкиот фармер Мајк Смит тврди дека прозвел пиперка, која е толку многу лута што може да убие човек, па новата сорта соодветно ја нарекол „Змеев здив“.
– „Змеевиот здив“ има 2,5 милиони единици на скалилата на лутина. Тоа е доволно кај некои луѓе да предизвика анафилактичен шок и смрт, изјави Смит за „Дејли Пост“.
Се наведува дека Смит оваа пиперка ја пријавил во „Гинисовата книга на рекорди“ и чека одговор за тоа дали таа и официјално ќе биде прогласена за „најлута пиперка во светот“.
Смит пиперката ја одгледал во соработка со Универзитетот на Северен Велс во рамки со истражувањата за алтернативни методи на анестезија.
Пациентот, на пример, може со масло од пиперка да ја трие на кожата и да ја „умртви“. Според Гинисовата книга, моментно е најлута позната пиперка е „Каролина Рипер“, која има 1,57 милиони единици на скалата за лутина.
Станува збор за табела која поточно означува капсицин, вид алкалоид кој се наоѓа во пиперката. Кога капсицинот доаѓа во допир со рецепторите на телото, најчесто со јазикот, нервниот систем тоа го интерпретира како чувство на жарење и печење.