Вечерва почнува со работа еден од симболите на забавниот живот во Скопје, Бистрото во МОБ. Со ново име, Опера Паб, и со нов ентериер од овој објект најавуваат продолжување на традицијата на секојд невна забава и живи свирки.
Вечерашното отворање е со бендот Сешн Селекшн, а утревечер, во четврток е настапот на Бени-Нон Стоп.
По пауза од речиси пет години, Опера Паб повторно е отворен за сите љубители на живата свирка, која трае во текот на целата недела. Во петок настап има DJ Dela, во сабота R N S band, а во недела како диџеј ќе се претстави Вера Јанковиќ.