Технологијата анализира видео текови (стриминзи) во реално време за да пронајде повеќе од илјада концепти.
Веб страната која е развиена од фински ИТ тим, тврди дека е првата на светот „дескриптивна машина за пребарување филмови“ и ветува дека ќе го реши проблемот со кој сите се соочуваме кога не можеме да се сетиме на името на саканиот филм.
Од Валоса, која е сместена на Универзитетот во Оулу во Финска, добиле 650.000 долари од инвеститори за да го создадат whatismymovie.com, машина за описно пребарување на видеа, која овозможува „природно според зборови и флексибилно пребарување“ за филмски сервиси контролирани преку глас, и на платформи за забава, слично како што тоа го прави Shazam за музика.
Оваа технологија ги анализира видео стриминзите во реално време за да открие повеќе од илјада концепти (места, предмети, луѓе, и тн.) од кој било видео тек, која овозможува креација на автоматизирана описна метадата на сцени од филмови.
Самите видео фајлови се читаат преку комбинација од процесирање на природниот јазик и АИ (вештачка интелигенција) за препознавање на шаблони. Само впишете во машината за пребарување некој термин и тој ќе исфрли неколку предлози.
На пример: Шон Конери во црвени пантолони; научнофантастични филмови со вселенски битки и ласерски топови; (Клинт) Иствуд како бодигард на претседател; Комедија на Хаваите.
Од Валоса умната машина за пребарување велат дека можат да идентификуваат условни и поврзани гласовни команди, кои засега не се можни кај Сири на Епл и кај други асистенти за пребарување кои работат на гласовни команди.
На пример, ако се обидете со: „Најди ми епски историски филови“, или Само оние со големи битки.
Во моментов, веб страната содржи база на податоци за повеќе од 45,000 филмови од наглиското говорно подрачје. Но бидејќи се уште е во развојна фаза, тестовите кои ги направи тимот новинари на Индепендент даде успех – заедно со забавата во обидите да ја збуниме веб страната.
На крајот, Шон Конери во црвени пантолони се појави во 30 резултати.