На бизарната видео-снимка која се појави на социјалнните мрежи може да се види автомобил „трабант“ како во Источна Германија „расте“ како никогаш порано, затоа што пожарникарите од градот Опин одлучиле со помош на пумпи на вода целосно да го кренат возилото од земјата.
Многу силните млазеви од неколку црева кои пожарникарите ги вметнале во шуплината на „трабантот“ навистина успеаа целосно да го кренат автомобилот.
„Трабант“ во почетокот се поткренал на едната страна, пред целото возило да се најде во воздухот.
Станува збор за модел на автомобилот од 1957 година, чија шасија е направена од пластика. Се произведуваше во ДДР.