Утревечер во Станица 26 настапува Четкар со познати македонски музичари

Од:

Со почеток во 21.30 часот, утревечер, во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи македонскиот џез и фанк гитарист Владимир Василевски – Четкар. Концертната свирка е во организација на „3Гонга“, а Четкар за првпат ќе настапи во Македонија со септет составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури.

„Досега во Македонија сум настапувал со секстет, квартет или трио, а ова ќе биде за првпат да настапам тука со септет. Утревечер во Станица 26 ќе свирам своја авторска музика и аранжмани од моите два досегашни албуми, а ќе отсвирам и неколку композиции, кои оваа година ќе се најдат на мојот трет студиски албум. Секоја година во просек околу 5 месеци сум во Македонија, останатите во САД и во Азија. Имам само македонски пасош и секаде патувам со работни неимигрантски визи. Со моите ангажмани во САД, 18 години по ред ја добивам престижната уметничка виза О1. Природата на мојата работа е таква што настапувам и снимам насекаде низ светот и соработувам со различни музичари, што значи постојано патувам. Но, моја единствена татковина е Македонија“, вели Четкар.

Василевски, живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови.

Инаку, има завршено музичка продукција, аранжман и џез гитара на престижниот Беркли колеџ во Бостон, САД. Дипломец е на отсекот за современо пишување и продукција. Иако гитарата е неговиот избран инструмент, својата првична музичка наобразба ја започнал како виолинист и ова знаење многу му има помогнато подоцна, бидејќи денес една од неговите аранжерски специјалности е токму аранжирање за гудачки секциии.

Како автор и продуцент на својата музика, Четкар има огромен круг музичари од целиот свет со кои соработува.

Постојано свири со нови музичари од различни краишта на светот и со самото тоа неговата музика секогаш звучи свежо и има разнолик шарм.

Музика на Четкар е дистрибуирана и промовирана во повеќе земји и тоа за најпознатите музички куќи во светот за џез, фанк и соул како P – Vine Records (Пи Вајн Рекордс) и BBQ Records (Би Би Кју Рекордс) во Јапонија, Warner Music Korea (Ворнер Мјузик Кореа) и C&L Music (Си Енд Ел Мјузик) во Јужна Кореа, Hitman Jazz Records (Хитмен Џез Рекордс) во Тајланд и Југоисточна Азија, Soul Brother Records (Соул Брадер Рекордс) и Expansion Records (Експанжн Рекордс) во Англија, Newtown records (Њутаун Рекордс) во Австрија/Германија, Surya Records (Суриа Рекордс) и Diamond Records (Дајамонт Рекордс) во Италија…

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум