Уште не се опоравија од грабежот, во „Лувр“ нова катастрофа

Од:

Светски познатиот музеј „Лувр“ во Париз е погоден од уште една катастрофа, само неколку недели по големата кражба на накит.

На крајот на ноември, поточно на 26 ноември, пукна цевка во „Лувр“, оштетувајќи повеќе од 300 документи во одделот за египтологија. Најмалку 300 предмети беа погодени од истекувањето на вода што беше откриено во крилото на Молиер.

Оштетените материјали се египтолошки списанија и научна документација од крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век.

Франсис Штајн, заменик-директор на музејот, нагласи дека материјалите не се единствени и дека ниеден артефакт не е оштетен, а колекцијата не претрпе непоправлива загуба.

Цевката пукна поради случајно отворање на вентил во застарен систем за греење и вентилација. Музејот започна внатрешна истрага, а оштетените документи ќе бидат професионално реставрирани.

Инцидентот се случува во незгодно време за музејот, кој сè уште не се опоравија од големата кражба што се случи сред бел ден на 19 октомври годинава.

Сторителите влегоа низ прозорец од страната на зградата свртена кон Сена, користејќи камион-лифт. Осум непроценливи скапоцености биле украдени од галеријата Аполо, вклучувајќи парчиња што им припаѓаа на сопругите на Наполеон I и III. Проценетата штета е околу 88 милиони евра.

Директорот на „Лувр“, Лоренс де Кар, призна пред францускиот Сенат дека безбедносниот систем е „крајно несоодветен“ и „застарен“ и дека целосното безбедносно ажурирање нема да биде завршено пред 2032 година.

Петмина осомничени беа обвинети во врска со грабежот, а највредните преостанати парчиња беа префрлени во Банката на Франција.

Како одговор на овие инциденти и потребата од модернизација, „Лувр“ објави значително зголемување на цените на билетите.

Од 14 јануари 2026 година, цената на билетите за туристите надвор од Европската економска зона ќе се зголеми од 22 евра на 32 евра.

Би можело да ве интересира

Лувр ги зголемува цените на билетите за туристите кои не се од ЕУ за 45 отсто

Уапсен уште еден осомничен за грабежот во Лувр

А1он

Претставник на крадците од Лувр нè контактираше и ни го понуди накитот, тврди израелска компанија

ВИДЕО: Уште петмина приведени за грабежот во Лувр

Катерина Ѓуровски

Уапсени двајца од четиричлената група крадци од Лувр

Предраг Петровиќ

Лувр е повторно отворен