Уште 3 дена да ја завршите приказната и да бидете дел од Евровизија

Од:

“Секојдневно се редат нови цртежи! Изненаден сум од креативноста на фановите и од нивниот интерес ! Остануваат уште три дена до крајот и одвај чекам да ги погледнам сите фотографии со крајот на приказната! “– изјави Даниел Кајмакоски.

Вкупно тројца фанови ќе добијат по две карти за првата полуфинална вечер на 19ти мај, во Виена, ќе го бодрат во живо и ќе уживаат во заедничка средба со Даниел Кајмакоски на 20ти мај !

Пред скоро 15 дена Даниел Кајмакоски – нашиот евровизиски претставник ги покани сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за евровизиската песна “Autumn leaves” и да освојат билет за првото полуфинале.

Повикот се затвора за три дена, односно на 20ти април 2015 (понеделник), точно на полноќ.

Погледнете го видеото и следете ги останатите чекори за учество на следниот линк: http://danielkajmakoski.mk/complete-the-story/

Патувањето во Виена за првата полуфинална вечер ќе биде реализирано во соработка со официјалниот партнер – туристичката агенција New Ways of Travel.

Пратете ги сите новости поврзани со Даниел и Евровизија преку официјалната веб страна за наменета само за евровизиски вести: http://eurovision.danielkajmakoski.mk/

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ