Уличниот театар „Баскерфест“ од утре во Скопје

Од:

Над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет ќе настапат на Фестивалот на улична уметност под отворено небо „Баскерфест 2014“, чиј домаќин од утре до 15 јуни е Скопје.

Официјалниот почеток на уличниот театар во главниот град е утревечер  во 21 часот на плоштадот Македонија на платото кај скалите кај Камени мост,  со настапот на Алдруби  (Танцот на балоните) од Нови Сад.

На плоштадот „Македонија“ ќе има три бини, од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка. Преостанатата програма ќе се одвива на локациите „Пивница Стар Град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот зад Градски парк).

  – Целта на манифестацијата е да се направи сплет на културни, забавни и  уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи, а воедно и ги повика граѓаните од сите возрасти да го посестат и да се забавуваат на годинешниов Баскерфест, рече денеска на прес-конференција Слободан Ќосев, раководител на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје.

„Баскерфест“ во Скопје за отворен ќе го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто е покровител на фестивалот. За одржување на фестивалот и годинава од Буџетот на Град Скопје се издвоени околу 900.000 денари.

Гевгелија беше прв домаќин на „Баскерфест“. Турнејата ќе трае до 30 јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо. Македонците  ќе  уживаат во уличните претстави на „Баскерфест“ и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30јуни).

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска