Украле велосипед од крадец и му оставиле интересна порака

Од:

Канадски велосипедист му одржа добра лекција на крадецот на велосипеди, кога го пронашол украдениот велосипид на својот пријател заклучен на улицата. Го заменил со картонски, а на крадецот му оставил и порака.

Корисник на порталот Редит му помогнал на својот пријател од Торонто да го врати украдениот велосипед така што ја пресекле бравата на велосипедот, а потоа на крадецот му оставиле картонски велосипед и писмо.

Во писмото објасниле дека го пронашле велосипедот и зошто го земале назад.

– Никаквец! Го украде мојот велосипед, а си заборавил да ми кажеш каде го остави, пишува во писмото во кое понатаму објаснува како го препознале и дека на крадецот му оставиле картонска замена, се до оној момент кога ќе може да си дозволи вистински велосипед.

Корисникот на Редит објави фотографија од одмазда кон крадецот, а се наведува и дека полицијата во Торонто е презафатена и немаат време и ресурси за да пронаоѓаат и крадци на велосипеди. Објасни и тоа дека крадците на велосипеди во Торонто обично купуваат повеќе исти брави и ги оставаат на улиците за да не ги фатат со украдена стока.

– Имаше и други велосипеди на улицата, заклучени со идентични брави, напиша овој корисник на Редит и додаде дека оваа тактика е вообичаена во Торонто, а ја користел озогласениот канадски крадец на велосипеди Игор Кенк, кој моментално е во затвор поради крадење.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ