Учениците зависни од брза и вештачка храна

Од:

Повеќето од учениците купуваат брза и вештачка храна, се хранат од блиската пекарница, а јадат и сендвичи, бидејќи велат дека тоа е дел од нивното детство, покажува анкетата на учениците од седмо и осмо одделение во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопје.

Анкетата е дел од проектот „Промоција на еколошкото право преку еко – граѓански клубови во основните училишта“ кој се реализира во соработка со невладината „ОХО“ и Амбасадата на САД во Република Македонија во чии рамки денеска во училиштето се одржа и еколошка дебата на тема „Штетното влијание врз здравјето на луѓето од консумирање брза и вештачка храна и газирани сокови“.

Анкетираните ученици се изјасниле дека најчесто за појадок јадат кроасани, чоколадно млеко, бејк ролс, кока кола, чипс… рече осмооделенката Констанца Аврамовска.

Ученикот Александар Димитров нагласи дека во нивното училиште забележале прекумерено купување брза и вештачка храна. Тој рече дека секојдневно јаде овошје и внимава што јаде, но сепак дел од неговата исхрана се и брзата храна и сендивичите.

По резултатите од спроведената анкета, Оливер Цветковски, ученик во осмо одделение во училиштето „Љубен Лапе“, рече дека констатирале оти брзата храна содржи штетни материи.

– Тоа што го дознавме беше шокантно. Скоро во секој пијалок и вештачка храна има вештачки бои, ортофосфорна киселина, вештачки ароми, амониум хидроген карбонат, вештачки засладувач, засилувач на вкусови-моно натриум глукаминат Е621, Е322, Е476,… и други податоци од кои страв да те фати, заклучи Цветковски.

Марина Поповска-Домазетова од Агенцијата за храна рече дека е потребно дневно да се конзумира 400 грама свежо овошје и зеленчук, шест до осум чаши вода, риба, пилешко и немасно месо.

– Отсуство од вежбање во комбинација со неправилна исхрана, многу масти, шеќер и сол предизвикува загриженост по здравјето на младата популација, посочи  Поповска-Домазетова, препорачувајќи позитивни навики.

Поради навиките за конзумирање на брзата-нездрава храна специјалистот по здравствена хигиена и екологија од Центарот за Јавно здравје – Скопје Пецо Симјановски рече дека се среќаваат со деца со зголемена телесна тежина.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава