Постојат неколку ставови во однос на тоа што значи „врска без обврска“, но во последно време ваквата релација најчесто е поврзана со „секс без обврски“, што подразбира различен однос кој не подразбира моногамност и посветеност.
Овде зборуваме за врските, во кои партнерите се посветени и лoјални (терминот „без обврска“ со самото тоа е проблематичен, но тука се користи поради генералната прифатеност), но истовремено не отстапуваат извесен сегмент од личниот простор, но тоа истовремено не ја загрозува посветеноста и љубовта кон партнерот. Исто така тука не зборуваме за злоупотреба на „концептот на слободата“ како оправдување на изневерувањата и егоизмот.
Уживате во својата слобода
Да се биде 24 часа заедно, 7 дена во неделата, по секоја цена, не е на вашето мени. Се гледате често да, меѓутоа никогаш не сте си пречка ако некој од вас посака да излезе сам со пријателите.
Порано можеби не ги разбиравте овие врски, сметавте дека се лабави и несериозни, но сега после сите ваши напорни врски со драмски заплети и трагични расплети, оваа врска ви е седмица на лото. А и, да бидеме искрени, постојаното „дишење во врат“ помеѓу партнерите не е никаква гаранција за длабока посветенос, љубов и квалитетна релација. Често, напротив, е израз на контрола и посесивност кои се резултат на несигурност.
Взаемна доверба
Тој/таа верува во вас, иако сте излезена со другар(к)ите, можеби и под дејство на алкохол до 4 часот наутро, ниту еднаш не ви се јави да ве исконтролира каде сте, со кого сте и слично. Ете тоа е бесценето!
Но ако нешто добивате мора и истото и да го дадете. И вие треба сама да ја спречите желбата да му/и се јавите ако тој/таа е излезен со другар(к)ите.
Љубоморните сцени не може да донесат ништо добро во вашата врска.
Време за забава, време за него/неа
Уживате во моментите поминати со него/неа, се чувствувате опуштено и за прв пат некоја врска не ја чувствувате како обврска, односно функционирање по распоред и правила. Излегувате, се забавувате, имате време за пријател(к)ите, а и одличен однос со партнерот/ката.Зар може некој да посака повеќе.
Како низ магла се сеќавате на љубоморниот бивши дечко кој ви се јавуваше по 5 пати кога и да излезевте сама, требаше да одржите говор кој траеше со саати за да го убедите дека не правите ништо со момчето кое случајно застанало до вас и дека другиот ден ќе му се посветите само нему.
Целата таа контрола и симулација на брак ви ја убија љубовта.
Едноставно, не ја повторувајте грешката.