Тужба за Тејлор Свифт за авторски права

Од:

Уметничката од Флорида Кимберли Мараско ја тужи Тејлор Свифт поради турнејата на Тејлор Свифт „Eras Tour“ и бара отштета од седум милиони долари.

Во тужбата се наведува прекршување на авторските права, тврдејќи дека музиката што ја користела Свифт и визуелните елементи имаат „креативни елементи“ слични на делото на Мараско. Мараско конкретно ги спомена песните и спотови од албумите Lover”, “Folklore” и “Evermore”.

Свифт првично беше вклучена во тужбата, но судијката Ајлин Кенон, која претходно водела еден од случаите со доверливи документи на Доналд Трамп, ја отфрли тужбата против пејачката бидејќи Мараско направила пропуст – таа не ја поднела тужбата на време.

Сепак, тука не завршува приказната, бидејќи Мараско има опција повторно да поднесе тужба против Свифт, а тужбите против продуцентската куќа на пејачката остануваат активни.

Адвокатите на продуцентската куќа поднесоа барање за отфрлање на тужбата на 28 јануари, тврдејќи дека многу од барањата на Мараско се „застарени“ според законот за авторски права. Адвокатите Арон С. Блин и Кетрин Рајт Морон нагласија дека барањата за прекршување на авторските права мора да бидат поднесени во рок од три години од откривањето на наводната повреда. Тие наведоа дека Мараско може да се осврне само на „прекршувањата за кои дознала по април 2021 година, додека сите дела наведени во нејзината тужба се пред таа временска рамка“.

Мараско обвинува за прекршување на авторските права во филмот „Eras Tour“

Во своја одбрана, Мараско тврдеше дека претходно не била свесна за какви било сличности меѓу нејзината работа и музиката на Тејлор Свифт бидејќи во тоа време „слушала само алтернативен рок“.

Во нејзината тужба меѓу другото стои:

„Само затоа што Тејлор Свифт е многу позната пејачка, не значи дека тужителот бил свесен за конкретните текстови што ги пее веднаш штом ги продуцирала нејзините албуми. Таа тврди дека нејзиното откритие за наводниот прекршок дошло откако го гледала филмот „Eras Tour“ во 2024 година, што ја навело да ги истражи претходните албуми на Свифт во потрага по дополнителни сличности“.

Адвокатскиот тим на Свифт се спротивстави на овој аргумент, тврдејќи дека Мараско би била свесна за секој наводен прекршок многу порано бидејќи

„Секое издание на албум е покриено во вестите и медиумите, е широко достапно на платформите за стриминг и „е исклучително популарно и домашно и на меѓународно ниво“, изјавија тие.

Адвокатите повикаа и на завршување на процесот, велејќи дека тврдењата на Мараско избесува неосновани тврдења.

Додека самата Свифт не ја коментираше правната драма, Мараско го бранеше својот став, инсистирајќи дека нејзините дела се „уникатни“ и не потекнуваат од други извори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он

Мадона брутално му се нафрли на Трамп

А1он

ВИДЕО: Раперка која има 222 килограми, тужи таксист зошто избегал кога ја видел

А1он

Откриена строго чуваната тајна колку е богат Барон Трамп

А1он

„Депортирајте ја и Селена Гомез од САД“

А1он

Гвинет Палтроу ја продаде луксузната вила што ја купи со поранешниот сопруг за 22 милиони долари

А1он