Туристите се уште го посетуваат Гуам и покрај заканите од Северна Кореја

Од:

Туристите и натаму го посетуваат Гуам, иако Северна Кореја се закани дека ќе истрела ракети во насока на таа американска територија во екот на тензиите и острите реторики меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Туристиката Чихо Цучија од Јапонија слушнала на вести за Гуам, но сепак одлучила да го посети островот со сопругот и двете деца.

– Сметам дека Јапонија и Јужна Кореја исто така би можеле да бидат во опасност од Северна Кореја, така што исто како да сме останале дома, изјави 40-годишната Чихо Цучија.

Гуам има 160 илјади жители, а привлекува 1,5 милиони посетители годишно.

Бројот на туристите од Јужна Кореја е зголемен изминатиот период поради нискотарифните авионски линии, кои го поврзуваат Гуам со таа земја.

Северна Кореја објави план за ракетен напади на подрачје околу пацифичкиот остров Гуам, на кој се наоѓа американска воена база, што би било најпровокативен потег на Пјонгјанг досега.

Би можело да ве интересира

Умерен земјотрес регистриран на Гуам

Ана Ололовска

Силен земјотрес во близина на американската територија Гуам во Пацификот

Наум Локоски

Жителите на Гуам по грешка биле предупредени за опасност

Наум Локоски

Гувернерот на Гуам го поддржува „ударот по нос“ на Северна Кореја

Наум Локоски

Во Гуам се делат летоци со упатства за реагирање при евентуален напад на Северна Кореја

Наум Локоски

Жителите на Гуам стравуваат од нуклеарен напад

Ана Ололовска