Трнот што денес го добиваш, утре ќе стане цвет!

Од:

Еден човек имал желба Господ да му подари пеперутка и еден убав, шарен цвет. Но Бог му дал само трнлив кактус и една ларва…

Човекот многу се натажил и се прашувал каде погрешил што Бог наместо цвет и пеперутка му дал кактус и ларва. Помислил да го праша Бог зошто не го добил бараното нешто, но имало премногу луѓе што чекале ред кај Бога, па затоа решил сега да не прашува ништо.

Поминало некое време и човекот веќе заборавил на прашањето. На негово големо изненадување, од трнливиот и грд кактус се појавил најубавиот цвет, а ужасната ларва се претворила во прекрасна пеперуга.

Човекот бил пресреќен, бидејќи го добил тоа што го побарал од Бога.

Поука: Бог секогаш делува праведно и го избира вистинскиот пат за тебе, иако тебе ти се чини дека е погрешен. Ако побараш од Бог една работа, а добиеш друга, тогаш имај верба.

Секогаш верувај и очекувај дека Тој ќе ти го даде тоа што ти е потребно во вистинското време. Не секогаш она што го посакуваш е тоа што ти е потребно.

Тој секогаш ти го дава она што си го побарал, затоа верувај, не се откажувај и не се сомневај. ТРНОТ ШТО ГО ДОБИВАШ ДЕНЕС, УТРЕ ЌЕ СТАНЕ ЦВЕТ!

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ