Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да ни предизвика проблеми и да не доведе во непријатна ситуација.
Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ги спречуваат непријатните мириси понекогаш тоа не е доволно и потребно е да се обрати внимание на дневните навики.
Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување дезодоранси е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис на потта. Но доколкусо тоа не може да се спречи непријатниот мирис, тогаш обидете се да примените некои од овие совети:
– Редовно отстранување на влакненцата под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии.
– Јадете помалку месо, посебно црвено и избегнувајте брза и многу зачинета храна.
– Избегнувајте алкохол и производи кои влијаат на мирисот на потта, како што се кромидот и лукот.
– Носете исклучително светла облека од природни материјали.
– Дневно пијте по половина литар или еден литар чај од жалфија, бидејќи тој ефикасно го намалува потењето.
– Еднаш или повеќе пати неделно направете купка и во неа додајте еден филџан јаболков оцет.
– Физичките активности предизвикуваат зајакнато потење, но на тој начин се отфрлаат токсините од телото, па потта во комбинација со дневната хигиена нема да има толку силен непријатен мирис.
– Избегнувајте конзумирање на премногу ладни и топли пијалоци, бидејќи тие предизвикуваат зголемено потење.