Иако знаете дека под идеална средба мажите не подразбираат посета на театар, но никогаш нема да погодите на кои три работи „паѓаат како крушки“. Тоа го открива Метју Хаси во книгата „Освој момче“ (Get the guy).
1. Мобилниот телефон оставете го во чанта. И не го вадете цела вечер
Апстиненцијата од испраќање пораки и постојаното проверување дали некој ве барал ќе ви донесе поени кај потенцијалното момче. На тој начин ќе покажете дека слушате што ви зборува и оти единствено што ве интересира е тој.
2. Вие го бирате следното кафуле
Мажите од време на време сакаат да се одморат од функцијата организатори на излегување. Тоа што вие ќе предложите каде следниот пат ќе се сретнете, ќе го намали притисокот врз него, па ќе биде порелаксиран за време на состанокот.
3. Раскажете му за момчето кое вчера ви се додворувало
Се додека станува збор за момче со кое случајно сте се сретнале, а не поранешното момче, вашиот соговорник ќе сака да слуша за тоа. Бидејќи со тоа суптилно му кажувате дека и други мажи се заинтересирани за вас.