Терапијата со пијавици била омилена кај советскиот диктатор Јосиф Сталин. И, оваа прастара и контроверзна алтернативна медицина денес повторно се повеќе го привлекува вниманието околу здравјето и еколошката свест и на помладите генерации во Русија.
Недалеку од Москва се наоѓа една од најголемите руски клиники за хирудотерапија, како и најголемата фарма со пијавици во светот, па може да се види – како се одгледуваат овие фасцинантни суштества, но и како се однесуваат кон луѓето?
Третманот со пијавици има долга историја. Дури и во древен Египет биле познати корисните и лековити својства на овие суштества. Записите говорат дека и кралицата Клеопатра, наводно, ја излечила својата неплодност со помош на пијавици и потоа родила син.
Сепак, иако терапијата со пијавици не е толку популарна низ остатокот свет, таа ја практикуваат многу луѓе во Русија. Затоа секоја година во руските фарми се одгледуваат повеќе од три милиони пијавици.
Сталин редовно практикувал терапии со пијавици за проблемите со циркулацијата. Според руските терапевти, тој најчесто ги ставал на главата, во пределот зад ушите.
Длабочината на каснувањето на пијавицата е 1 – 1,5 милиметри. Откако ќе се закачи на телото, тој инјектира во крвотокот на човекот соединение на ензими кои позитивно влијаат на имунитетот. Односно, со исцедување на крвта од раната, создадена од пијавицата, телото е во состојба да се ослободи од токсините насобрани во телото.
Од друга страна, како што објаснуваат терапевтите, пијавиците ја стимулираат работата на внатрешните органи и со внос на лековити материи во организмот. Тоа се хормони кои го зголемуваат целосниот крвоток, спречуваат и отстрануваат отоци, воспаленија, болка, згрутчување на крвта и поттикнуваат обнова на крвните садови.