Третина од младите Американци се со прекумерна тежина, што им пречи да служат во Армијата

Од:

Пентагон се соочува со тешкотии при регрутирањето за воен рок, бидејќи една третина од нив имаат прекумерна тежина што им пречи да ги вршат должностите во Американската армија.

– Речиси една третина од младите Американци денес се со тежина многу над нормалата, за да служат во вооружените сили, изјави панзионираниот генерал Семјуел Ибсон, кој деновиве го претстави и извештајот на стручната група „Совет за силна Америка”, што се однесува на пешадијата.

Според документот, проблемот со тежината ги засега и војници кои се веќе на служба.

За споредба, 2015 година 7,8 отсто од регрутите имале прекумерна тежина, што пак, е за 73 проценти повеќе од 2011. По тој повод, Пентагон одреди построги критериуми за физичкото здравје и состојба на активните војници.

– Повеќето проблеми на Америка се решаваат на локално ниво. И овој проблем треба да биде решен на тој начин, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Според податоците, најголем проблем со прекумерната тежина кај младите кои се пријавуваат за служење војска, и се на возраст меѓу 17 и 24 години, има американскиот главен град Вашингтон (78 отсто).

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он