При процесот на исправување на косата, кој е се попопуларен, се користат препарати кои содржат големи количества фермалдехид, кој е потенцијална причина за различни видови на рак.
Поради својот состав, производите кои се користат за трајно исправување на косата можат да предизвикаат здравствени проблеми, како кај клиентите, така и кај фризерите.
Истражувањата покажале дека третманот на вакво исправување на косата е посебно опасен во малите фризерски салони и оние кои немаат добра вентилација, па со тоа и концентрацијата на штетните материи во воздухот е поголема.
Во ваквите салони, експертите препорачуваат користење производи кои не содржат повеќе од 0,1 отсто формалдехид, кој во повеќето од овие препарати го има дури и до 12 проценти.
Симптомите кои фризерите или нивните клиенти најчесто ги пријавувале по третманот за трајно исправување на косата се проблеми со дишењето, пецкање на очите или крварење од носот.