Направена од пандишпан и крема, оваа торта е долга 1,2 километри. Со неа, пекара во Женева прославила 25 години работа, а потребни им биле четири тони состојки за да ја направат.
Подготовките за тортата почнале два месеци претходно, а 200 вработени го печеле пандишпанот цела недела.
Тортата има три слоја, што всушност значи дека има 3,6 километри тесто.
Официјалните лица на Гинис објавиле дека тортата го срушиле претходниот рекорд, поставен во 1992 година во Белгија.