Рускиот тинејџер Руслан Шчедрин помисли дека среќата му се насмевна како никогаш досега, од како на еден гејмерски сајт ја освои главна награда: едномесечна дружба со порно актерка во хотел во Москва.
Порно ѕвездата Екатериа Макарова веќе најави дека ќе го научи Руслан на „многу работи“, што укажуваше дека 16-годишното момче еден месец ќе го живее сонот на многумна негови врсници.
Но, како што јави „Раша Тудеј“ (РТ), кога пријателите почнаа да му завидуваат на Руслан, се вмеша неговиот таткото, кој најави дека тој ќе ја „потроши“ наградата.
– Тој е премногу млад за нешто такво. Прво мора да заврши училиште. Но, ние нема да се откажеме од наградата. Јас сум негов старател и одлучив лично да ја преземам наградата, изјави таткото Александар Схедрин за РТ, додавајќи дека со сопругата „веќе некако ќе ја среди работата“.
Прашањето е, сепак, дали нешто од наведеното ќе се случи, затоа што во гејмерските кругови се појави информација дека се е наместно и дека „среќникот“ Руслан всушност е само актер во добар маркетиншки трик на веб страницата.