Тенк од времето на Советскиот Сојуз удрил во дискотека во градот Шубин во Полска, за време на свеченото отворање и целосно ја расипал забавата.
Во инцидентот никој не е повреден, а несреќата се случила кога гостите кои дошле на промоцијата на новиот клуб, чиј дел требало да биде и прикажување на советските машини, само што почнале да пристигнуваат.
– Сопирачките и управувачот на тенкот откажаа кога сакав да го паркирам пред клубот, изјави Рафал Пасионек, сопственик на тенкот и дискотеката „Моно клуб“.
– Имав среќа што тенкот запре при ударот во бетонскиот столб. Да поминеше и тука сигурно ќе имаше многу штета, додаде Пасионек.