Тајна од 21 минута за среќен брак

Од:

Времето кое е потребно за да се искапате, да направите маникир или да прошетате до пошта е еднакво на времето потребно за посреќен брак.

Според резултатите од студијата на списанието „Психолошка наука“, само три писмени вежби од седум минути во период од една година можат драстично да ја зајакнат вашата врска. Во двегодишната студија учествуваа 120 брачни парови, при што имало такви кои биле во 20-те години од животот до такви во 70-те години и кои во просек во брак биле 11 години.

Во текот на првата година од паровите било побарано на секои неколку месеци седнат и да напишат нешто за нивната последна голема кавга, како што се расправиите поврзани со чистењето или забелешки во врска со сексот.

Во текот на втората година истражувачите ги измениле работите – првата група и натаму ги бележела своите кавги, а втората пишувала за нив од перспектива на трета страна, која им посакува се најдобро, како што е на пример заеднички пријател. На тој начин паровите не можеле да напишат на пример „Многу бев лута кога задоцни“, туку „Тој задоцни два часа кога се враќал дома“.

Резултатите биле изненадувачки. Иако аргументите на втората група биле подеднакво сериозни и чести како и во првата група, паровите, кои ги впишувале од неутрална перспектива била помалку лути на партнерот, почувствувале поголема сексуална привлечност еден кон друг и нивната среќа се стабилизирала наместо да се намали.

– Трикот е во тоа да излезете од сопствената глава, изјави професорот по психологија Али Финлек, која ја предводела студијата.

– Со тоа што размислувате за конфликтот од неутрална перспектива, подобро разбирате како партнерот размислува и во состојба сте да се ослободите од лутината, додава таа.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска