Девет тајландски двојки понесени од љубовта и духот на Денот на вљубените ќе се обидат да го соборат светскиот рекорд во бакнување.
Учесниците доколку сакаат да го соборат рекордот мора да се бакнуваат повеќе од 50 часа, 25 минути и една секунда. Тие не смеат да седат, а во тоалет може да одат дури по првите шест часа од бакнувањето. Двојките мора да останат будни и постојано да имаат контакт со усните.
– Тие можат да пијат само вода или млеко со сламка. Секако, сите двојки треба вистински да се сакаат за да успеат во соборувањето на рекордот, изјави портпаролот на настанот Сомпорн Наксуетронг.
Двојката што го држи светскиот рекорд ќе се обиде и оваа година да запише во Гинисовата книга на рекорди.
Победниците ќе добијат 3.300 долари и дијамантски прстени.
МИА