Втор пат во последните три години една брачна двојка од Тајланд го поставува новиот рекорд во должина на бакнување по повод Денот на вљубените – овој пат непрекинато се бакнуваа 58 часа, 35 минути и 58 секунди.
Екачи и Лаксана Тиранарат од Бангкок победија на натпреварот и како што тврдат организаторите, го поставиле новиот рекорд, но резултатот треба да го потврдат и претставниците на Гинисовата книга на рекорди.
Истата оваа двојка на натпреварот во 2011 година доби награда од 3.300 долари и два дијамантски прстени.
Натпреварувањето почна пред два дена, а на почетокот беа девет двојки. На учесниците не им било дозволено да седат, одмараат или спијат, па дури и во тоалет морале да одат заедно со споени усни.