Млада уметничка од Тајланд ја шокираше јавноста кога во емисијата „Тајланд има талент” на националната телевизија ја соблече кошулата и со своите голи гради започнала да слика.
Ова ги шокираше судиите, но сепак помина во вториот круг благодарејќи на машките гласови од жирито.
Чинот им направи проблем на телевизијата, поради фактот што е забранета голотијата на телевизија.
Министерката за култура на Тајланд веднаш реагираше и најави брза средба со одговорните на ова шоу за да добие објаснување.