Светски самит на донер во Скопје

Од:

Околу 100 деловни луѓе од 20 земји се очекуваат на Светскиот самит на донер што ќе се одржува денеска и утре во Скопје.

Настанот го организира Меѓународното здруженије на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опрема со седиште во Република Турција.

Во двата дена ќе се промовира деловниот потенцијал на оваа стопанска гранка која, според организаторите, е можност за отворање нови бизниси, но ќе се барат и партнери за заеднички вложувања во Македонија и регионот.

На Самитот ќе биде изложена и донер-опрема од 12 производители, а првиот ден, согласно програмата, за присутните од 14 часот е предвидена работилница од отворен карактер.

Меѓународно здружение на ресторани кои подготвуваат донер, снабдувачи и производители на донер-опрема брои 250.000 членки и ја преставува светската индустријата на донер со годишен обрт од еден трилион американски долари и 500 милиони оброци дневно.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски