Во петок на 28 октомври, промотерската куќа Баланс, на голема радост на скопјани, успеа да го обезбеди еден од највлијателните диџеи во моментов во Европа, Trus’me, кој ќе настапи во ноќниот клуб Станица 26.
Негова музичка поддршка ќе биде препознатливиот македонски диџеј Александар Мискоски.
Познатиот диџеј е сопственик на издавачката куќа Prime Numbers. Trus’me има постигнато светски успех со својот дебитантски албум „Working nights“. На самиот почеток од неговата работа ја има поддршката од светски познатите Ashley Beedle, Juan Atkins, Mad Matts, Gilles Peterson и Chez Damier, згора на тоа неговите плочи почнале вртоглаво да се продаваат низ музичките продавници ширум светот, не само во Англија, туку од Манчестер до Токио.
Денес, неговата музика припаѓа во рамките на хаус и техно звукот со примеси на соул. Музичката критика ги рангира неговите диџеј сетови како еклектични.
Неговиот последен албум е метафора на вселената, физиката и темната материја. Тоа се некои моменти кои го окупираат неговото внимание изминативе години и работи кои можат да се почувствуваат во неговата музика. Додека неговите предходни албуми го форсираа тој техно, фанк и соул ритам, овој е посуптилен, поеластичен и позаводлив.
Веќе следната вечер на 29 октомври на истата сцена по повод Halloween ќе настапат веќе искусните македонски диџеи Илина Ангел, Боле и Ана Мисо.