Сурими салата

Од:

За оваа слатата ќе ви трбаат сурими стапчиња, доста зеленчук, паста и фин кремаст прелив од мајонез, јогурт и павлака …

Потребно е:
250 гр сурими стапчиња
200 гр сварени тестенини
1 помал корен целер
1 поголем морков
120 гр пченка од конзерва
1 кисело јаболко
6-7 кисели краставички
свеж магдонос
сол, бибер
80 гр фета сирење

за преливот:
100 гр мајонез
100 мл јогурт
100 мл кисела павлака
сок од 1/2 лимон

Подготовка:
– Најпрво исечете ги морковот и целерот на стапчиња и ставете ги да се варат 10-тина минути (не треба да бидат преварени, треба да останат малку крцкави).

– Киселите краставички исто исецкајте на стапчиња.

– Јаболките излупете ги и исецкајте ги на коцки. Ставете ги во садот кај краставичките. Во садот додадете ја и исцедената пченка од конзерва.

– Сурими стапчињата уште замрзнати исечете ги на тркалца со дебелина од еден прст. Ставете ги да се варат во вода што врие само 30 секунди.

– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.

– Сега направете го преливот. Измешајте ги мајонезот, сокот од лимон, павлаката и јогуртот. Зачинете по вкус и на крај додадете една рака сецкан свеж магдонос. Измешајте за да се соединат сите состојки.

– Сите состојки за салатата ставете ги во садот кај јаболките, краставичките и пченката. На крај додадете го и преливот и полека измешајте со лажица.

– Оваа салата послужете ја изладена.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски