А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Магазин

Судење на деценијата: Џони Деп конечно открива што се случило со Амбер Херд

by А1он22/06/2025 - 17:10845
Share0

Џони Деп даде изјава за неговата бурна врска со Амбер Херд и судењето кое со месеци ги полни насловните страници низ целиот свет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во интервју за „The Sunday Times“, тој отворено зборуваше за причините зошто решил да ја презентира својата страна од приказната.

„Видете, отиде предалеку. Знаев дека ќе морам делумно да се оголам. Сите велеа: „Ќе помине!“ Но, не можев да поверувам. Што точно ќе помине? Не, нема да помине“, рече Деп.

„Ако не се обидам да ја презентирам вистината, ќе изгледа како навистина да сум ги извршил делата за кои сум обвинет. И моите деца ќе мора да живеат со тоа. Нивните деца. Децата што ги запознав во болниците. Затоа не се чувствував нервозно ноќта пред судењето во Вирџинија. Ако не мора да го запомните текстот, ако само ја кажувате вистината – фрлајте ги коцките“, додаде тој.

Следете a1on на Youtube YouTube

Деп продолжи: „Знаев дека ништо од тоа нема да биде лесно, но не ми беше гајле. Ќе се борам до крај. А ако на крајот завршам да точам гориво? Во ред. Го имам правено тоа и претходно“, заклучи тој за судењето.

Актерот, исто така, се осврна на својата врска со Амбер Херд: „Ако си будала како мене, понекогаш гледаш во нечии очи и гледаш малку тага, малку осаменост – и мислиш дека можеш да ѝ помогнеш на таа личност“, рече тој.

„Но, ниедно добро дело не останува неказнето, бидејќи има луѓе кои, кога се обидуваш да ги сакаш и да им помогнеш, почнуваат да ти покажуваат каква всушност била таа непријатност, таа вознемиреност што ја гледаше во нивните очи. Потоа почнува да се покажува на други начини.“

Џони Деп и Амбер Херд се запознаа во 2009 година на снимањето на филм, а нивната врска започна кон крајот на 2011 година или почетокот на 2012 година. Се свршија во јануари 2014 година и се венчаа во февруари 2015 година. Се разведоа во 2016 година, но вистинската драма започна дури тогаш.

Откако Херд напиша колумна за „Вашингтон пост“ во 2018 година во која се претстави како жртва на семејно насилство, Деп ја тужеше за клевета во 2019 година, иако не беше директно именуван во статијата. Тој тврдеше дека нејзините обвинувања се „категорично и докажано лажни“.

Потоа Херд возврати со контратужба од 100 милиони долари. Судењето се одржа во 2022 година и заврши со пресуда на поротата во корист на Деп – доделувајќи му 10,35 милиони долари отштета, додека Херд доби 2 милиони долари за една од нејзините контратужби.

dzoni depmagazin

Би можело да ве интересира

Кога антибиотикот повеќе не делува: Зошто антимикробната резистенција е проблем за сите нас?

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 15:42

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 00:1325/09/2026 - 19:54

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 00:0825/09/2026 - 19:12

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 00:0125/09/2026 - 19:27

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Предраг Петровиќ22/09/2026 - 16:49

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 15:3821/09/2026 - 18:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео