Пенг Сиухуа која има 101 година се вратила од мртвите на денот на сопствениот погреб и ја шокирала својата ќерка и сите други жители на Шеншуидонг во Кина.
Телото на старицата го пронашле нејзините ќерки, а во тоа време таа немала пулс. Тие верувале дека нивната мајка починала. Тагувале и ги поканиле роднините и пријателите да присуствуваат на погребот следниот ден, јавуваат локалните медиуми.
Откако селаните го измиле телото, пред да го стават во ковчег, 101-годишната старица отворила очи, се насмеала и ги поздравила сите присутни.
Откако Пенг Сиухуа оживеала, и после првиот шок, селаните брзо реагирале и приредиле гозба од храната подготвена за нејзиниот погреб.