Стартуваше новата серија на Ева Лонгорија – „Теленовела“

Од:

„Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија се врати на малите екрани.
По завршувањето на „Очајни домаќинки“, Ева се посвети на продукција и го „исфрли“ успешниот серијал „Итри помошнички“. Но, сега таа промовираше нова серија каде е продуцент и ја толкува главна актерка.
Првата епизода од новата серијата „Теленовела“ на Лонгорија во неделата беше премиерно емитувана во САД,

Во неа Ева ја игра Ана Софија, ѕвезда на мексиканска ТВ „сапуница“, која воопшто не зборува шпански. Таа не разбира што зборуваат нејзините соработници на сетот, а вистинските сплетки почнуваат кога на снимањето доаѓа нејзиниот поранешен сопруг, со кого таа имала непријатно минато.

Ана Софија ја мачат и холивудските предрасуди затоа што актерка постара од 35 години може да игра само мајка, па во првата епизода таа доживува нервен слом, што го забележуваат голем број нејзини обожаватели кои дошле да ја видат нивната омилена ѕвезда.

Гламур, драма и многу смеа е она што ќе понуди оваа серија со печатот на Лонгорија. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ