Јан и Пола Мекфејден се во брак десет години. На секое нивно одење во кревет Јан чувствува аверзија кон интимноста. Затоа Пола секогаш спие на едната страна на креветот, а тој на другата. Нема допири, мазење, нема секс. Јан се замоткува во своето ќебе, а ако Пола сака да го допре, тој се стресува како да е во прашање удар, а не нежниот допир на сопругата.
Причината за неговите психолошки проблеми е ужасна. Од својата шеста до 14 година Јан бил сексуално злоупотребуван. Се школувал во Калдикот во Беркшир, едно од најелитните приватни училишта во Велика Британија. Во тоа време круг на педофили под водство на директорот Роланд Петер Врајт намамувале момчиња. Главниот злоставувач на Јан бил Џорџ Хил, заменик директор, но уште 3 учители со години го силувале и го присилувале на разни сексуални чинови. Врајт оваа година е осуден на затвор за злоставување, а Хил во меѓувреме извршил самоубиство.
Сексуалното злоупотребување на Јан му оставило тешки последици. На сексот гледа како на нешто одвратно, нешто што е знак на насилство, а не на љубов. Тој и Пола одлучиле искрено да зборуваат за својот живот за Дејли Меил со цел да им помогнат на други луѓе кои се во истата ситуација.
– Првите шест години од нашиот брак не спиеше до мене во креветот, зашто има одбивност кон кревет. Наместо тоа спиеше на каучот. На прстите на едната рака можам да набројам колку пати сме воделе љубов. Тоа обично се случува кога е Јан пијан, но секогаш беше дистанциран, далечен. Тоа не беше задоволство за нас – вели Пола и додава дека во последно време Јан станува нежен кога се во јавност.
– Понекогаш добивам и мал стисок, понекогаш и бакнеж. Се запрашував во што е проблемот и сфатив. Тој се чувствува сигурно кога е во јавност. Ми кажува колку ме сака, но штом влеземе во автомобилот тоа престанува – вели Пола.
Својот сопруг го гледа со искрена нежност. Без оглед на недостигот на физичка близина Пола го сака Јан. Тој е примерен татко на 23-годишниот син на Пола, Крис, кој го добила од претходната врска. Тие, во секој поглед, освен во еден, се две половини на совршена целина.
– Луѓето ја гледаат нашата врска и ни завидуваат. Јан е неверојатно посебен за мене. Без оглед на тоа што немаме секс, никогаш не би го оставила. Тој е снаодлив, дарежлив, доверлив, одлучен и постојано заедно се смееме. Тој е поинаков од сите мажи со кои сум била. Со него се чувствувам заштитено и ценето. Со него сум посамоуверена. Често мислам дека имаме совршен брак, ако се одземе сексот. Никогаш не сум помислила да имам афера затоа што премногу го сакам Иан. Сфаќам дека не е негова вина што тој се чувствува вака – вели Пола.
Јан жали што не може на својата жена да и ја пружи блискоста што ја заслужува:
– Тоа што најмногу ме боли е што не можам да бидам интимен со својата жена затоа што бев злоупотребуван. Секогаш физичката блискост ја споредував со злоупотребување. Сопругата бара да ја прегрнам, а за мене тоа е борба и ме боли исто како и неа.
Сето тоа го надоместува со својата љубов.
– Пола е жена која го гледа само доброто во луѓето. Потребни ми беа 38 години за да ја пронајдам и остатокот од мојот живот сега е целосно неважен. Се чувствувам благословено – вели Јан.