Градоначалникот на северноиталијанскиот град Болоња смета дека едно од најпознатите италијански традиционални јадења – шпагетите Болоњезе не се италијански.
– Болоњезето не постои, иако тие се познати насекаде низ светот, рече Вирџинио Мерон, инаку член на Демократската партија на Италија, во интервју за РАИ.
Градоначалникот дури побарал од Италијанците да му помогнат и да најдат ново име, но и нов рецепт за ова јадење. Тој тврди дека овие шпагети треба да се подготвуваат на сосем друг начин, без оглед на тоа дека ова јадење важи за уникатен специјалитет во Италија, а за туристите е прашање на чест да го пробаат.
Тој се гордее со лазањата, тортелините и други карактеристични италијански тестенини, но не и со прочуените шпагети.
– Драги сограѓани, собирам слики на шпагетите Болоњезе од целиот свет. Чудно е тоа дека сме прочуени во целиот свет со ова јадење, а тоа не е наше. Среќни сме што поради него илјадници туристи доаѓаат во нашиот град, но има толку многу други работи со кои тој може да се пофали, напиша на Твитер градоначалникот.