Повеќе од 40 отсто од испитаниците веруваат дека идеалниот маж може да биде 3-4 години постар од своите партнери, додека 35 отсто од нив сметаат дека разликата од 5-6 години е најдобра.
Во стабилна и сериозна љубовна врска со помлад маж верува само еден процент од жените, а мажите не се склони кон односи со постарите жени, така што само два отсто од нив сакаат да го поминат животот со постари партнери.
Иако поголемиот дел од жените во возрасната разлика гледаат позитивно, ако разликата е поголема од десет години, една третина од нив сметаат дека една жена е со постар партнер првенствено за пари.