Совети за првиот состанок

Од:

Без разлика на тоа колку години имаме, без разлика на тоа колку пати сме … поминале низ тоа, доколку излегуваме на прв состанок со личноста која ни се допаѓа, во која сме вљубени, секогаш сме нервозни и се прашуваме како ќе биди, што да облечеме, што да зборуваме, каде да одиме и сл.

Иако секогаш е добро да се претставите онаква каква што навистина сте, за првиот состанок не би било лошо да се држите до одредени правила. Еве неколку совети за тоа што треба да направите на првиот состанок, а што не.

Што да облечите за првиот состанок? Облечете нешто во што ќе се чувствувате добро, но не да биде премногу предизвикувачко. Ако знаете каде ќе одите тогаш прилагодете ја облеката со тоа место, а доколку не знаете облечете се малку неутрално. Доколку сте неодлучни, а немате никој покрај себе да ви даде оценка за облеката, подобро облечете нешто за што другите порано ви рекле дека ви стои добро.

Тема која никогаш не треба да ја споменувате на првиот состанок е бракот, па и доколку мислите дека таа е личноста со кој веднаш би стапиле во брак без двоумење. Без разлика на тоа што другата страна мисли за таа тема, сепак бракот не е тема за првиот состанок. Во забраната се вклучува и зборување за тоа колку сакате венчавки, или опишување на некој прекрасна венчавка на која сте биле. Друга работа која што не треба да ја споменувате се бившите партнери. Таквиот разговор никогаш не е добар, затоа што или ќе оставите впечаток дека сеуште го сакате, дека го споредувате со него и најлошо што може да помисли е дека сте личност која не знае да ја чува приватноста. Темата не е добра па и дури тие двајца да се познаваат.

Не е добро во текот на разговорот да се согласувате со се што ќе каже тој, така ќе оставите впечаток дека немате свое мислење, или не е практично на секој виц што тој ќе го каже да се умирате од смеење.

Избегнувајте ги озбилните, длабоки теми, таквите теми се претешки и за старо друштво, а камоли за прв состанок. Понекогаш комплиментот е добар но немојте да претерувате затоа што ќе му ја крените цената.

Припремете некоја тема во која се разбирате, за да ја прекинете тишината доколку настане и да составите впечаток дека во нешто се разбирате. Темите можат да бидат разни, на пр. филм кој последно сте го гледале, концерт на кој сте биле…

Добро е да смилите и каде би можеле да одите, затоа што можеби друга страна ќе нема направено баш и некој план, затоа што не е добро да се шуткате како да не знаете каде ви се главите. Опуштете се и уживајте, без да се плашите дали секој ваш збор ќе се свати погрешно. Сепак тоа би требало да биде дружење, а не испрограмирана вечер.

И за крај немојте на крајот на состанокот да одите кај него дома или пак вие да го поканите, без разлика на тоа што велат другите таквите врски не траат долго.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска