Разведените двојки го споделуваат своите искуство со цел дека ќе им помогнат на другите да не ги направат истите грешки и да го зачуваат бракот.
Запознајте се и сакајте се себе си
Треба прво да се сакате себе си за да можете да сакате други, оваа порака ја повторија многу двојки. Стравот од самотијата ги плаши луѓето и ги спречува да се посветат повеќе на себе, кариерата или хоби. Што повеќе работите на себе, ќе бидете позадоволни со себе и вашата среќа нема да зависи од партнерот. Наместо да бидете подредени, ќе бидете рамноправни со партнерот.
Внимавајте на комуникацијата
Еднаш кога некои зборовите ќе ги изговорите, тешко дека ќе можете да ги повлечете. Тие оставаат длабоки траги во односот и можат да го повредат партнерот. Затоа треба да се гради комуникацијата. Поточно таа е клучот за здравиот однос. Треба да научите со партнерот отворено да разговарате за пари, за семејство, за животната смисла … за се.
Бидете пријатели
Иако хемијата е важна, страста по одредено време исчезнува. Добрата врска се гради на пријателство и меѓусебно почитување.
Уживајте во малите работи
Малите работи во врската еднакво е важно како и големите, затоа што покажуваат дека и понатаму ви е важно. Цвеќето, чоколадаото или пораката за добра ноќ ќе му покаже на партнерот дека вашата љубов и понатаму е силна.
Немојте да заборавите на секот
Сексот е неизоставен дел од брачната среќа, а тоа потврдиле голем број студии, но и разведени двојки. Ако можете да забележите колку често имате секс, тогаш тоа значи дека го немате доволно.