Ако здраво се храните и вежбате но се уште не можете да симнете вишок од 5 килограми, размислите за следниве три совети.
1. Пијте само вода
Исфрлете ги пијалаците како што се овошни сокови,газирани пијалаци и алкохол. Студиите покажуваат дека ако пиете само вода во просек неделно се внесуваат илјада и петстотини калории помалку т.е ќе го намалите внесувањето на калории за отприлика шест илјади во еден месец.
2. Користете го сетилото за мирис
Спрема мислењето на стручњаците од организацијата Smell and Taste Treatment and Research во Чикаго,мирисањето на храната може да има исто дејство на мозокот како да сте ја консумирале. Освен тоа мирисањето на здрави производи, како што се јаболка и банани може да помогне во контрола на апетитот.
3. Запишувајте што јадете
Луѓето обично брзо забораваат што се изеле во текот на денот. Сепак доколку го пратите внесувањето на калории можете побрзо да ослабете. Водењето на белешки помага во просек да внесете 15 отсто помалку калории.