За рекордни 2,7 милиони евра, сопственик на суши ресторан купил црвена туна од рибниот пазар Тојосу во Токио.
На аукцијата за џиновска туна тешка 278 килограми, била постигната рекордна цена, пренесуваат светските агенции.
Fish of 21.5 Cr amazing. Yes it’s True .Japan’s Tuna Fish weight 278 Kg sold at that Rate. As you Know Tuna is a rare species. KKRao pic.twitter.com/SUuYZRNw7y
— k kumar rao (@kkrao3107K) January 5, 2019
Туната ја купил Кијоши Кимура, сопственик на синџирот на ресторани „Суши Занмај“.
Рибата била уловена во близина на градот Аомори, на северот од Јапонија.
Јапонците се големи љубители на туна и овој вид на риба го јадат и како сурова храна. Суши со овој вид на црвена туна во рестораните чини околу 3.000 јени (23 евра) по порција.