Сопруг од соништата барајте во Словенија

Од:

Резултатите од истражувањето на Светската организација за економска соработка и развој покажаа дека Словенците во просек трошат 114 минути дневно за извршување домашни работи.

Најмалку време за домашните обврски трошат мажите во Индија – само 19 минути, објави Б92.

Експертите, како главна причина за ова ги наведуваат културолошките разлики, но ни Европјаните од некои поразвиени земји не се многу повредни. Италијанците минуваат нецел час помагајќи им на сопругите, Унгарците малку повеќе од тоа, а Турците 21 минута.

Веднаш зад Словенците, највредни мажи се Данците, па Естонците, а Французите се на четвртото место со потрошени 98 минути на домашни работи.

Експертите дополнуваат дека поделбата на работата дома е директно поврзана со економската моќ – разликата во платите меѓу мажот и жената. Токму од тие причини во општествата каде разликата е поголема, помалку платените жени на себе ќе преземат повеќе обврски во домаќинството.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска