Соодветна замена на намирници во кујната

Од:

Сигурно ви се случило повеќе пати да почнете да готвите нешто и одеднаш да видите дека ви недостасува некоја намирница во кујната. Не се грижете, за се има решение. Не секогаш треба да трчате во блиската продавница за да го купите бараниот продукт од рецептот.
Прочитајте кои се соодветните замени за некои намирници во кујната:

Прашок за печиво (1 лажица)
Заменете со: 1/3 лажиче сода бикарбона + 1/2 лажиче крем од тартар или 1/4 лажиче сода бикарбона + 120 милилитри густ јогурт. Сите течни мерки намалете ги за 120 милилитри

Суви лебни трошки (250 грама)
Заменете со: 3 парчиња стар леб, изронет

Путер (120 грама)
Заменете со: 120 грама маргарин или 120 гр масло (само ако рецептот бара растопен путер)

Јогурт (250 милилитри)
Заменете со: 1 лажичка лимон растворена со млеко до 250 милилитри (оставете го да отстои 5 минути)

Какао (4 лажици)
Заменете со: 30 грама чоколадо

Нишесте (1 лажица)
Заменете со: 2 лажици брашно (кое мора да го готвите дополнителни 3 минути)

Јајце (1)
Заменете го со: 2 лажици мајонез (само за тесто кое потоа треба да се пече) или 2 белки

Брашно (220 грама)
Заменете со: 110 грама интегрално брашно + 110 гр бело брашно

Шеќер во прав (220 грама)
Заменете со: 75 грама кристал шеќер

Кристал шеќер (220 грама)
Заменете со: 220 грама кафеав шеќер или 300 грама шеќер во прав

Млеко (230 милилитри)
Заменете со: 230 милилитри јогурт + 1 лажичка сода бикарбона (ако печете со сода бикарбона, изоставете ја во сувите состојки) или 200 милилитри вода + 2 лажици путер

Јогурт (230 милилитри)
Заменете со: 230 грама урда, измиксана или 230 милилитри павлака

Мајонез (200 грама)
Заменете со: 200 милилитри густ јогурт

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава