Соочете се со вистината: Десет знаци дека вашето дете е разгалено!

Од:

Современото мислење е дека не можете да го разгалите детето со бескрајна количина на држење во раце, нишкање и гугање, но кога еднаш ќе престане да биде бебе претераната грижа може да предизвика разгалено однесување.

Следува листа од десет знаци, кои можеби укажуваат на тоа дека вашето дете е разгалено:

1. Чести изливи на бес

Едне од најсигурите знаци за разгалено дете се честите изливи на бес и лутина, како во јавноста, така и во домот.

2. Детето никогаш не е задоволно

Разгалените деца често пати не можат да изразат задоволство со тоа што го имаат. Кога ќе видат некој друг со нешто што тие го немаат, ќе го посакаат истото.

3. Не сака да помага

Ниту едно дете не е воодушувено од идејата за средување, но кога ќе претстанат да бидат бебиња мораат да почнат да помагаат во помалите работи, како што се раскревање на играчките и ставање на чевлите во шкавче.

4. Се обидува да ги контролира возрасните

Разгалените деца често пати немаат граница во односот кон врсниците и кон возрасните – од сите очекуваат контантно да ги слушаат.

5. Често ве бламира на јавно место

Испадите од време на време се нормална појава, но кога детето намерно ги посрамува родителите во јавност заради привлекување внимание, ситуацијата станува алармантна.

6. Не сака да дели

Делењето е тежок поим со кој децата мораат да научат да се носат, но кога ќе наполнат четири години, мораат да бидат подготвени да делат играчки, грицки и друго со браќата и сестрите и другите деца.

7. Морате да го молите

Родителите или дадилките се авторитети и мораат да се слушаат, кога нешто ќе побараат од детето. Не би требало да го молите детето нешто да направи, туку треба тоа да го побарате од него.

8. Ве игнорира

Ниту едно дете не сака да слушне „не“, но не би смеело да ве игнорира додека нешто му зборувате.

9. Не сака само да си игра

До четвртата година детето би требало да биде подготвено и способно само да си игра и тоа долго. Доколку постојано му се потребни родителите или пријателите за игра, тоа е знак дека има потреба за внимание.

10. Морате да го подмитувате

Родителите не би требало да ги подмитуваат децата со пари, играчки и посебни третмани за секојдневните рутински работи.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините