Хироши Сакамото навести дека PlayStation 4 ќе биде претставен оваа година. Сакамото во разговорот со чилеанската страница Emol изјави дека компанијата би можела да ја претстави новата конзола во мај или на E3 саемот во јуни.
PS4 го носи кодното име “Orbis”, а работи на quad-core AMD APU Solution процесор. Тука е и графичката процесорна единица AMD 8000 series, како и GDDR6 меморијата од 2 до 4 GB.
Се шпекулира дека конзолата ќе може да ги прикажува игрите и во 4D резолуција, дека ќе поддржува Blu-ray и дека ќе биде продавана по пристапна цена.
Се верува дека компанијата Microsoft исто така ќе претстави своја конзола оваа година. Наследникот на Xbox 360 се развива под кодното име “Thebes” или “Durango”.